Принц Луис наполни три години
Англија – Војвотката и војводата од Кембриџ, Кетрин Мидлтон и принцот Вилијам објавија нова фотографија од нивниот најмал син, принцот Луис.
Повод е неговиот трет роденден денеска.
А, фотографијата, според наводите, е снимена од војвотката на почетокот на оваа седмица. Принцот Луис на неа е на црвен велосипед, поради првото негово одење в градинка.
Веќе е традиција во ова кралско семејство – секоја година на роденденот на некое од децата да објавуваат фотографија од малечкото. Британската кралска двојка има три деца – најголемото, принцот Џорџ има седум, а принцезата Шарлот – пет години.