Воениот удар во Мјанмар: Кога предупредувањата ќе станат стварност


Во Мјанмар извршен е воен удар, а седмици порано постоеше загриженост дека тоа може да се случи. Восјката како причина ги наведе измамите на неодамна одржаните општи избори.

Војската во Мајнмар, држава позната и како Бурма, владееше 50 години. Тоа се случуваше до 2011 година. Во неомври лани одржани се избори и на нив повторно победи Националната лига НЛД на поранешната претседателка Аунг Сан Су Чи.

Минатата недела се предупредуваше на воен удар, а Обединетите нации и некои држави во светот го очекуваа тоа. Во меѓувреме во војската тврдеа дека изјавите на врховниот командат се погрешно сфатени.

За време на викендот полицијата патролираше околу домовите на пратениците кои беа во карантин пред седницата на парламентот.

Портпаролот на партијата утрово изјави дека војската ги привела Сан Су Чи и други партиски функционери. Наводно приведени се и членови на цивилното општество и лидерот на студентскиот синдикат.

Според „Гардијан“, улиците на најголемиот град Јангон изгледаат вообичаено, но дека не е сѐ како што треба покажуваат сликите од метеж пред банкоматите.

НЛД освои 396 од 476 мандати во парламнетот со што обезбеди власт во следните пет години. Партиите блиски до војската Унија на солидарноста и Партијата за развој добија само 33 мандати.

Тие ги оспорија резултатите, а војската тврди дека утврдила бројни неправилности во изборните резултати. Изборната комисија ги негира ови наводи.

Сан Су Чи, која е добитничка на Нобеловата награда за мир, 15 години се бореше против воениот режим за да воспостави цивилна власт. Нејзината репутација е нарушена поради односот на власта кон муслиманската заедница Рохинџи. Се бранеше од обвиненијата дека извршен е геноцид врз оваа заедница.


Покрај цивилната влас, војската остана многу влијателна. Со уставот е гарантирано дека има контрола над клучните министерства и дека има четвртина мандати во парламентот.

Воениот удар го осудија челници од други земји и организации меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Аунг Сан Су Чи го повика народот да не го прифаќа воениот удар

Премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, која е уапсена денеска, го повика населението да „не го прифаќа“ воениот преврат, се наведува во писмото кое го објави нејзината партија на социјалните медиуми.

Лидерот на Националната лига за демократија, Вин Хтеин напиша на Фејсбук дека шефицата на Владата, Аунг Сан Су Чи „ја оставила оваа порака до народот“.

Војската на Мјанмар прогласи денеска вонредна состојба во траење од една година и постави генерали на клучните места во земјата.

Аунг Сан Су Чи и претседателот на Мјанмар, Вин Мјинт се уапсени во главниот град Непјидо.

Мишел ја осуди воената интервенција 

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ја осуди денеска воената интервенција и преземањето на власта во Мјанмар, барајќи да се ослободат оние кои војската ги уапсила во извршените рации низ земјата.

„Исходот од изборите мора да се почитува и демократскиот процес треба да се однови“, напиша Мишел на Твитер.

Воените сили потврдија дека е уапсена премиерката Аунг Сан Су Чи, која е добитничка на Нобеловата награда за мир и лидер на партијата Национална лига за демократија која убедливо победи на ноемвриските избори.

ОН: Сериозен удар врз демократијата во Мјанмар

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш најостро ја осуди воената акција и апсењето на премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи и други политички лидери, повикувајќи го военото раководство да ја почитува волјата на народот изразена на последните избори.

„Овие случувања претставуваат сериозен удар врз демократските реформи во Мјанмар. Сите релевантни лидери во државата треба веднаш да започнат дијалог и да се воздржат од какво било насилство, целосно почитувајќи ги човековите права и основните слободи“, истакна портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.