Претседателски избори во Казахстан: Приведени над 500 демонстранти
Казахстанската полиција приведе стотици демонстранти во Нурулстан и и Алмати, кои излегоа на улиците на барање на забранетата политичка партија Демократски избор на Казахстан, соопшти заменикот министер за внатрешни работи Марат Кожаев.
Гласачите во Казахстан денеска го избираат наследникот на Нурсултан Назарбаев, кој ја водеше државата од добивањето независност. Предвремените претседателски избори беа закажани откако Назарбаев неочекувано поднесе оставка во март.
Се очекува в.д. претседател Касим-Жомарт Токаев да победи на изборите, на кои учествуваат уште шестмина кандидати. Опозицијата и демонстрантите тврдат дека изборите се нечесни и минуваат во атмосфера која не е слободна.
Приведени се стотици мирни демонстранти, кои повикуваа на бојкот на изборите, како и неколкумина новинари и набљудувачи. Мукхтар Аблиазов, претседател на забранетата партија Демократски избор на Казахстан повика на бојкот и протести со образложение дека изборите се срамни, затоа што резултатот е однапред познат.