Претседателот Пендаровски утре во официјална посета на Република Косово
Шефот на државата Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Косово. Тој во Приштина ќе има средби со неговата колешка претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу, со претседателот на Парламентот Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.
Како што соопштија од неговиот кабинет, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателката Османи-Садриу по што ќе одржат тет-а-тет средба, а ќе следи и пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР- Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на КФОР.