Предупредување за цунами издадено по два силни земјотреси на Камчатка (видео)


Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за цунами за полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток откако два силни земјотреси, од кои поголемиот со јачина од 7,4 степени, го погодија блискиот Тихи Океан рано утрово.

Посилниот земјотрес бил на длабочина од 20 км, а неговиот епицентар бил 144 км источно од рускиот град Петропавловск-Камчатски, кој има население од околу 180.000 жители.

Неколку минути претходно, прв земјотрес со јачина од 6,7 степени беше регистриран во близина на источниот брег на Камчатка, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на длабочина од околу 10 км.

Засега нема извештаи за жртви или штети.