Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за доверба на Владата во скафандери


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелина Петковска се позитивни на Ковид-19.  Пратеничката од Гевгелија е во изолација, но и двајцата во четврток ќе  присуствуват за да гласаат облечени во скафандер.

„Секако ќе гласаме, имајќи го во предвид Протоколот донесен од Комисијата за заразни болести претходно и праксата на ваквото гласање“, потврди Мицевски.

Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ во април дојдоа во Собранието со скафандери за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата.