Повеќето луѓе користат премногу детергент за перење: колку навистина треба?


Повеќето луѓе користат значително повеќе детергент за перење отколку што е потребно, што доведува до спротивен ефект. Експертите открија која е идеалната количина.

Appliance Doctor тврди дека мерната чаша што ја добивате со вашиот течен детергент за перење е речиси 10 пати поголема од она што навистина е потребно.

„Тоа е само уште една тактика што производителите ја користат за да ве натераат да потрошите повеќе на нивните производи“, велат тие, според Њујорк пост.

Тие препорачуваат користење две лажички течен детергент или две лажици детергент во прав.

„Можеби изгледа дека не е доволно, но верувајте ни, толкав детергент е навистина се што ви треба за стандардно полнење облека“, велат тие. Тие додадоа дека дури и ако вашата облека е повалкана од вообичаеното, не треба да користите дополнително.

„Третирањето дамки и претходно потопување на алиштата е поефективен начин за чистење на повеќе извалканата облека“, велат тие.