Повеќе застрелани лица во близина на меѓународниот аеродром во Индијанополис

САД– Повеќе лица се застрелани во американскиот град Индијанаполис, јавија американските медиуми, иако засега не се знае за сериозноста на нивните повреди.
Индијанаполис Стар јави за повеќе жртви пронајдени во објект на Федекс во близина на меѓународниот аеродром во градот, повикувајќи се на полициско соопштение издадено во 23:30 часот по локално време.
Си-Ен-Ен јави дека полицијата има „ситуација со голем број жртви“, повикувајќи се на портпарол на полицијата.