Потсмевувачки амандмани на опозицијата
Овој амандман на Левица за промените во деловникот на Собранието, кој се однесува на оние што пратеници што од далечина ќе учествуваат при гласање во парламентот, ја отсликува бесмисленоста на начинот на кој опозицијата сака да го блокира процесот. Да не се носи „облека со обележја на салони за маникир и педикир пред камера“ е еден од апсурните амандамни кои немаат никаква елементарна логика – облека и маникир.
Премиерот Зоран Заев на Фејсбук реагираше со осуда на ваквиот начин на блокада: „Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки. Ова е срамна непочит кон македонските граѓани.
Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани“.
Еве дел од несериозните амандмани на Левица:
„Пратениците кои учествуваат во работата на Собранието од далечина, не смеат да покажуваат џемпери пред камерата.“
„Пратениците кои учествуваат во работата на Собранието од далечина, не смеат да се појавуваат пред камерата во облека на која има натписи на салони за маникир и педикир.“
„Пратениците кои учествуваат во работата на Собранието од далечина, не смеат да се појавуваат пред камерата во облека на која има натписи на месарници.“
Амандман на ВМРО-ДПМНЕ:
„Во членот 12, по зборот Македонија се додаваат зборовите „и ќе започнат да се применуваат од 40-тиот ден по членството на Република Македонија во Европската унија.“