Поставено нови „лежечки полицајци“ околу училиштето „Петар Поп Арсов“


Општина Карпош постави нов „лежечки полицаец“ во населбата Карпош 4, околу основното училиште „Петар Поп Арсов“, во должина на улицата „Разловечко востание“, а во тек е поставување на ваков тип сигнализација и долж улицата „Волгоградска“.

 

Основната цел е да се зголеми безбедноста на најмладите, како и на сите граѓани. Во овој дел, покрај училиштето има и две предучилишни установи (градинки), при што фреквенцијата на возила е голема.

 

На овој потег, локалната самоуправа има воспоставено и нов сообраќаен режим. Имено, еднонасочниот сообраќај и новата хоризонтална и вертикална сигнализација придонесе да имаме побрз проток во сообраќајот, да се зголеми безбедноста, но и да се намали сообраќајниот метеж кај „Сити мол“. 

 

Општина Карпош продолжува да поставува ваков тип на сигнализација и на други места каде што има потреба и каде што е возможно, согласно правилниците за поставување на сообраќајна сигнализација.

 

Ги повикуваме сите граѓани, учесници во сообраќајот да бидат одговорни и да ги почитуваат поставените знаци.