Последно селфи со папата – зошто никој не ги спречи?

Телото на папата Франциско е изложено во ковчег, а многумина го навлекоа гневот на посетителите поради несоодветниот третман.
Многу ожалостени кои се собраа да му оддадат почит на папата Франциско во средата ги осудија несоодветните постапки на корисниците на социјалните мрежи за правење селфи покрај неговиот отворен ковчег.
Social media users are receiving backlash for posting selfies with Pope Francis' body in his open casket. Some people even tried using selfie sticks but were told to put them away 👀😳pic.twitter.com/fKKr5VToNE
— Daily Loud (@DailyLoud) April 24, 2025
Откако почина на 88-годишна возраст на Велигденски понеделник, телото на Франциско беше префрлено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан за тридневен ритуал.
Десетици илјади верници му оддадоа почит на покојниот папа, но некои предизвикаа бес откако објавија морничави селфиња на кои се гледа телото на Франциско положено во дрвен ковчег во заднина.
На Инстаграм се појави фотографија од жена која се смешка кон камерата, додека покојниот папа ја држи својата бројаница неколку метри зад неа.
Иако ватиканските власти не го забранија јавното фотографирање, според некои извештаи, чуварите ги спречиле некои посетители кои сакале да направат морбидни фотографии, објавува „Дејли меил“.
Ожалостените кои чекаа во ред осум часа за да го видат покојниот папа уште еднаш пред да биде погребан во сабота, рекоа дека постапките на оние што правеа селфиња биле „малку невкусни“.
Des gens font un selfie devant le corps du pape, exposé dans la basilique Saint-Pierre de Rome. Quelle époque pourrie dans laquelle les gens ne savent plus se tenir, même devant un défunt…#PapaFrancesco pic.twitter.com/cSk0ZU2Sou
— Tanguy David (@tanguy_france) April 24, 2025
„Она што ме изненади беше фактот што претходно ни беше кажано дека нема фотографии во Систинската капела, а тука луѓето ги вадеа своите телефони и правеа селфиња со ковчегот. Мислам дека е малку невкусно и изненаден сум што никој не ги запре“, рече еден посетител, додека извор од Ватикан тврдеше:
„Би било добро кога луѓето би можеле да се сетат каде се и да имаат малку почит.“
Еден верник рече дека атмосферата ја расипале луѓе кои „ги игнорирале предупредувањата“ и фотографирале наместо да му оддадат соодветна почит.
Personas se sacan selfies con el cuerpo del Papa y causan repudio en redes sociales #CooperativaContigo https://t.co/ZRtjleIf4w pic.twitter.com/EQiWZGgvtn
— Cooperativa (@Cooperativa) April 24, 2025
А фотографиите од светските агенции покажуваат многу луѓе околу ковчегот на папата, држејќи ги своите телефони во воздух над главите. Безброј екрани може да се видат околу телото на папата, а некои дури ги издолжија и своите селфи стапчиња во обид да ја направат најдобрата снимка.
Калуѓерки беа фотографирани и како се собираат со телефони во рацете околу поранешниот поглавар на Католичката црква.
Повеќе од 128.000 луѓе досега му оддале почит на папата во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан
Повеќе од 128.000 луѓе од завчера наутро до денеска до 8 часот поминаа покрај ковчегот со телото на поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск, во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за да се збогуваат со него, соопшти Ватикан.
Од завчера во 11 часот до денеска во 8 часот, „повеќе од 128.000 луѓе дојдоа во базиликата „Свети Петар“ за да му оддадат последна почит на папата, чиј отворен ковчег е изложен пред главниот олтар на базиликата, се наведува во соопштението.
Папата Франциск почина на 21 април на 88-годишна возраст. Погребот ќе биде утре, а се очекуваат неколку стотици илјади верници, како и бројни лидери и високи официјални претставници кои ќе пристигнат од целиот свет.
Службата за протокол на Државниот секретаријат на Ватикан соопшти дека досега 130 делегации потврдиле дека ќе присуствуваат на погребот.
Според соопштението, меѓу присутните делегации ќе бидат околу 50 шефови на држави и 10 актуелни монарси, објави италијанската новинска агенција АНСА.