Последната фотографија од трагично загинатата актерка откри што правела само 20 минути пред несреќата


Американската актерка Ен Хеч почина на 54-годишна возраст откако беше исклучен апаратот за одржување во живот, една недела по страшната сообраќајна несреќа што ја доживеа во Лос Анџелес, објави Дејли мејл.
Тажната вест ја соопшти нејзината пријателка Ненси Дејвис, пренесува Showbiz411.

Актерката доживеала мозочна смрт и лекарите изјавиле дека повеќе нема да живее, пишува Daily Mail. Ен ја одржувале во живот машини кои помагале да функционираат виталните органи бидејќи актерката е на списокот на донатори на органи.

Медиумите објавија и што правела Хеч непосредно пред несреќата. Таа позирала насмеана само 21 минута пред да доживее страшна сообраќајна несреќа, по која за жал почина.

Најновата фотографија на 53-годишната Ен открива дека го посетила фризерскиот салон Glass Hair пред несреќата, а сопственикот сподели фотографија од неа на Инстаграм откривајќи дека купила перика од 125 долари и ја опиша како прекрасна личност.

„Ја запознав Ен Хеч денес, таа по случаен избор купи црвена перика од мене“, напиша тој покрај објавата.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Glass Hair Design (@glasshair)

Еден час по објавувањето на фотографијата, неговото сандаче било преплавено со пораки бидејќи се дознало дека Ен е во критична состојба и дека е итно пренесена во болница.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните добри желби и молитви за закрепнување на Ен и да им се заблагодариме на посветениот персонал и прекрасните медицински сестри кои се грижеа за Ен во Центарот за изгореници Гросман во болницата Вест Хилс. За жал, како резултат на нејзината несреќа, Ен Хеч претрпе тешка аноксична повреда на мозокот и се уште е во кома, во критична состојба. Не се очекува да преживее. Ен имаше големо срце и нејзиниот дарежлив дух ги допре сите што ги запозна“, се вели во соопштението на семејството на актерката.

Минатата недела Ен имаше тешка сообраќајна несреќа. Таа со својот автомобил удрила во гаража, а од силината на ударот автомобилот и целата куќа се запалиле. Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес во понеделникот изјави дека причината и околностите за несреќата се под истрага.

Најмрачното сценарио дојде на крајот, а актерката ќе остане запаметена по одличните улоги, но и по тажниот живот што го живееше.

По веста за смртта на Хеч, на социјалните мрежи се огласи и познатата телевизиска водителка и комичарка Елен Деџенерис, со која беше во романтична врска во 90-тите.

„Ова е тажен ден. Ја испраќам сета моја љубов на децата, семејството и пријателите на Ана”, напиша Елен на својот Твитер профил.