Португалската полиција заплени повеќе од еден тон кокаин


Португалската полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во вредност од околу 49 милиони долари и уапси седум лица на бразилски рибарски брод на отворено море во близина на Португалија со поддршка на поголем број меѓународни агенции, соопштија денеска властите.

– Полицијата на бродот пронашла 50 вреќи со кокаин наменет за пазарот во континентална Европа, во посебно дизајниран и тешко пристапен дел на бродот, се наведува во соопштението на полицијата и се додава дека „сите уапсени се странски државјани на возраст од 36 до 64 години“.

Акцијата под шифра „Бел песок“ почна откако беа разменети информации помеѓу португалските и бразилските власти, а беше помогната од американската Управа за борба против дрога (ДЕА) и британската Национална агенција за криминал (НЦА).