Португалците ја објавија причината за прекинот на електричната енергија

Португалскиот оператор на електричната мрежа РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ја погоди Португалија е предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“.
РЕН наведува дека екстремните температурни разлики во Шпанија предизвикале „аномални осцилации“ на високонапонските водови.
Овој феномен се нарекува „индуцирана атмосферска варијација“, што потоа довело до осцилации што предизвикале дефекти во синхронизацијата на енергетските системи.
Целосната нормализација може да потрае до една недела.
Ова предизвика последователни прекини низ целата меѓусебно поврзана европска мрежа, додава РЕН.
Поради сложеноста на ситуацијата, РЕН предупредува дека целосната нормализација на електричната мрежа може да потрае и до една недела.
За потсетување, големи делови од Шпанија и Португалија денес останаа без електрична енергија.
Шпанските радиостаници објавија дека дел од мадридското метро е евакуирано.
Во центарот на градот имаше сообраќаен метеж бидејќи семафорите престанаа да работат.
Португалската полиција објави дека семафорите се исклучени низ целата земја, метрото во Лисабон и Порто е затворено, а возовите не сообраќаат.