Поради намалувањето на придонеси oд државите, една четвртина од вработените во УНХЦР можно е да бидат отпуштени

Поради намалување на буџетот, Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) веројатно ќе укине помеѓу 3.000 и 4.000 работни места низ целиот свет, што е околу една четвртина од нешто повеќе од 13.000 вработени, процени денеска синдикатот на таа меѓународна организација.
Портпаролот на УНХЦР, Метју Салтмарш, изјави дека се уште нема информации за бројот на вработени што ќе бидат отпуштени, но рече дека се проценува дека трошоците за персонал ќе бидат намалени за приближно 30 проценти.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во март почна процес на внатрешна ревизија со цел системот на ОН да биде „поефикасен“, бидејќи се соочува со хронични буџетски ограничувања, влошени од политиките на американскиот претседател.
По одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја замрзне меѓународната помош за САД, хуманитарните организации најавуваат отпуштања, нагласувајќи дека САД не се единствените што ја намалуваат финансиската поддршка.