Полскиот претседател Анджеј Дуда во посета на Македонија


Анджеј Дуда попушти пред американскиот притисок

Mинистерството за внатрешни работи известува дека на ден 18 и 19.11.2021 година (четврток и петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Република Полска Н.Е Анджеј Дуда.

За таа цел МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, за што апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.