Полскиот МиГ-29 го „изгуби“ резервоарот за гориво за време на летот
Полски борбен авион МиГ-29 го загубил резервоарот за гориво над населено место за време на тренинг лет, а во инцидентот нема повредени, соопшти Генералштабот на полските вооружени сили.
„За време на тренинг лет на авион МиГ-29 од 22-та тактичка воздухопловна база, се изгубил резервоарот за гориво, кој бил празен и паднал неколку стотици метри од објектите“, се вели во соопштението на платформата Х.
Полската војска исто така извести дека пилотите постапиле во согласност со утврдените процедури.
Околностите и причините за несреќата ќе ги истражува Државната комисија за истражување на воздухопловни несреќи, се вели во соопштението.
Полските ловци МиГ-29 се стационирани во 22-та тактичка воздухопловна база во Малборк, а полската армија располага со 14 такви авиони, јавуваат полските медиуми.