Полска се жали на уцена, ЕУ не и ги дава 57-те милијарди помош за пандемијата

Полскиот министер за правда ја обвини Европската комисија за „уцена“ затоа што сугерирала дека фондовите за закрепнување од пандемијата се условени од нејзиното прифаќање на приматот на правото на ЕУ над нејзиниот национален систем.
Во прашање се милијарди евра грантови и заеми од ЕУ што Полска ги побара, но кои Брисел допрва треба да ги потпише со оглед на ќор-сокакот со Варшава поради гаранциите за владеење на правото.
„Ниту еден службеник на пониски или високи нивоа на Европската унија нема право да уценува, да се впушта во еден вид уцени од коруптивна природа“, им рече на новинарите министерот за правда Збигњев Зиобро. „Бидејќи тоа би значело дека овој службеник и кажува на полската влада, полската држава …„ ќе ви дадеме пари ако се согласите да прифатите понижувачки услови поврзани со ограничување на вашиот суверенитет “, тој додаде.
Судирот на ЕУ со Полска околу владеењето на правото го пролонгира доделувањето на 57 милијарди евра помош за справување со пандемијата. Полска и ЕУ спорат околу контроверзните судски реформи воведени од полската владејачка десничарска партија Право и правда (ПиС).Врховниот суд на Полска се подготвува да одлучи дали полскиот устав или правото на ЕУ имаат првенство во земјата -членка.
Европската комисија е одговорна за исплата на фондот на ЕУ за обновување од пандемијата од 750 милијарди евра и допрва треба да и даде зелено светло на Полска за нејзините 23 милијарди евра грантови од ЕУ и 34 милијарди евра евтини заеми.