Полска ќе воведе гранични контроли со Германија и Литванија од 7 јули


Доналд Туск

Полска ќе воведе гранични контроли со Германија и Литванија од 7 јули, објавија светските агенции.

Ова го објави денеска полскиот премиер Доналд Туск. Тој објасни дека станува збор за привремена мерка.

Премиерот ја објави веста по состанокот на полската влада. Оваа одлука следеше по неодамнешното заострување на граничните контроли од страна на Германија и откако новата германска влада на канцеларот Фридрих Мерц ја презеде функцијата во Берлин.

Според германските правила, германската гранична полиција има инструкции да им забрани пристап на германска територија на нелегални мигранти, дури и на оние кои бараат азил. Оваа мерка предизвика критики од Полска.

Германски суд пресуди дека германските власти немаат право да враќаат мигранти на границата, но германската влада одлучи да се држи до мерката што ја воведе.