Полни со витамини: Ова е разликата помеѓу зелените и црните маслинки
Сите знаеме дека маслиновото масло е многу здраво. Сепак, маслинките не заостануваат во однос на нивните здравствени придобивки. Освен тоа, не можеме да замислиме никаково мезе или пица без маслинки, без разлика дали се црни или зелени.
Ако некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу зелените и црните маслинки, одговорот е многу едноставен – во време на зреењето.
Многумина не знаат, но црните маслинки се всушност зрели зелени маслинки. Се берат во ноември и декември, за разлика од зелените кои се берат најмалку месец до два порано. Колку подолго зрее маслинката, нејзината боја се менува – од зелена во рубин-црвена, а потоа до израз доаѓаат темните тонови на виолетова боја, а тоа се всушност црни маслинки.
Зелените маслинки имаат посочно месо, а имаат посвеж и некако посладок вкус. Црвеникавите се берени токму во моментот на зреење, а црните всушност може да се наречат презрели. Колку се потемни маслинките, толку месото е помеко, а вкусот е поинтензивен и погорчлив.
Маслинките, и црните и зелените, содржат бројни антиоксиданси, а некои студии потврдија дека имаат и својства кои го спречуваат развојот на одредени видови тумори. Имаат многу витамини, особено витамин Е и супстанции кои ги штитат крвните садови. Но, бидете внимателни кога ги консумирате солени, во тој случај не се препорачува да јадете повеќе од две или три дневно.