Полицијата упадна во канцеларијата на Навални: Однесоа сè, па и филџани за кафе

Синоќа руската полиција спроведе претрес во канцелариите на лидерот на опозицијата Алексеј Навални, чие апсење минатиот месец предизвика низа протести ширум земјата.
Како што јави АП, претресот го вршеле десетина полицајци, а звршил околу 1 часот по локално време.
Не е познато дали полицијата однела предмети како потенцијален доказ, но на фотографиите од персоналот на Навални објавени на социјалните мрежи се гледа како собираат материјал во вреќи, дури и филџан за кафе, наведува агенцијата.
Од полицијата нема соопштение за претресот. Интернет страницата „Медиазона“, која се фокусира на политичките репресии и кршењето на човековите права, цитира член на персоналот на канцеларијата која вели дека добила пријава за извршување порнографија во канцеларијата, наведува АП.
Навални беше уапсен на 17 јануари кога се враќаше од Германија во Русија, каде помина пет месеци на лекување откако беше затруен со нервен агенс, за што го окривува Кремљ.
Подоцна му е одредена законска казна од 2,5 години затвор со образложение дека ја прекршил условната казна, изречена му е пресуда за перење пари и измама. Апсењето предизвика протести ширум земјата кои траеја два викенда, кога наводно се уапсени околу 10.000 луѓе.