Погоден Евроџекпот, познато е каде ќе завршат над 80 милиони евра

Вечерва на извлекувањето од 3. коло од играта Евроџекпот, некој славеше.
Беа извлечени бројките 17, 34, 38, 42, 48 – 2, 11, што на среќен играч кој го уплатил ливчето во Германија му донесе победа од 5+2 во износ од 80.437.425,70 евра.
Следното извлекување за играта Евроџекпот е во вторник, 14 јануари 2025 година, а главната награда е 10.000.000 евра.