Погледнете како изгледа уште едно кинеско чудо: За три години изградија мост од 2.890 метри
Во средината на минатиот месец во југозападната кинеска провинција Гуижоу беше завршена изградбата на мостот кој ќе биде највисок во светот.
Имено, последниот дел од железната конструкција, тежок 215 тони, е прецизно поставен на 17 јануари. Овој висечки мост се гради на големиот кањон Хуаџинг, на височина од 625 метри над површината на реката, што е еднакво на висината на двете Ајфелови кули.
Ќе биде долг 2.890 метри, а распонот на самиот висечки дел е долг 1.420 метри. Ова ќе биде најголемиот висечки мост во светот, изграден во планинска област.
Изградбата започна во 2022 година и треба да биде отворена за сообраќај оваа година. Работата ќе чини 280 милиони долари, а се очекува да го ревитализира споменатиот дел од Кина, кој е претежно рурален. Ревитализацијата треба да значи и развој на туризмот, особено во сегментот на екстремните спортови.
Дополнително, времето на патување низ кањонот ќе се намали за 70 минути.