Подољак предупредува од воена ескалација: Сакате да се вратите на нормалниот живот, но нема да можете


Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак  предупреди дека во глобалната политика се случува фундаментална трансформација и дека  Русија веќе ја формирала најагресивната можна Алијанса. „Некои земји се дел од неа отворено, други тајно, со учество во финансирање на одредени програми или учество во невоени активности.“, порача тој во пост на Твитер.

-Русија го покажа својот интерес и внесе земји во Алијансата кои се подготвени да пролеат крв во големи размери и на демонстративен начин токму сега. Да се води војна, да се убие, да се освојува, да се уништува. Овие земји, пред сè, инвестираат во воено производство, собираат воена опрема, градат огромни мобилизациски резерви претворајќи ги нивните општества во воени кампови без право. Значи, што ќе се случи понатаму ако Русија не загуби?

Прво: Алијансата дефинитивно нема да се распадне доброволно. Напротив – ќе ја ескалира агресијата и ќе ги зголеми влоговите со бескрајно поттикнување, финансирање и иницирање конфликти. Тие што ја вкусиле „крвта на демократијата“ ќе сакаат повеќе крв, повеќе жртви, повеќе паника. Тоа значи дека војната ќе ескалира во секој случај…

Второ: на Алијансата, која во суштина ги пишува меѓународните правила во моментов со ракетни напади и цинично го легитимира правото на голем геноцид врз граѓаните на друга земја, ќе ѝ се придружат и други непостојани и авторитарни режими. Кои, пак, ќе се стремат да го „легализираат“ нивното право да ги проголтаатдемократијата и другите земји…

Трето: нема да има глобална стабилност, нема да има правила, нема да има гарантиран закон, нема да има слободи, нема да има безбедност. Ќе има постојано исчекување на војна, учество во војна, ревизија на националните буџети, влошување на квалитетот на животот…

Очигледно, вие само сакате да чекате да помине овој период на „воени турбуленции“ и да се вратите на нормалниот живот. Но, нема да можете. Нема. Уште треба да се донесат одлуки. Или сега инвестирајте во безбедноста или утре борете се во многу поголем воен театар…, напиша Подољак.