Под мотото „Сечиј живот е вреден !“ ќе се одбележи Националниот ден на правата на животните


Под мотото „Сечиј живот е вреден !“ денеска првпат во државата ќе се одбележи Националниот ден на правата на животните. Како што соопштија од граѓанското движење „Национален ден на правата на животните – Македонија“ (NARD Македонија), посветено на кревање на свеста за страдањето на животните од човековата рака, одбележувањето е со цел создавање похумана иднина за сите.

Македонија првпат ќе го одбележи Националниот ден на правата на животните, а настанот ќе се одвива во три дела: комеморација, едукација и прослава.

„Национален ден на правата на животните – Македонија“, е граѓанско движење кое цврсто верува во поврзаноста меѓу сите живи суштества, посветено на кревање на свеста за страдањето на животните од човековата рака, со цел создавање на еден поубав заеднички живот во мир и хармонија на Земјата. 

Во Паркот на Франкофонијата исто така под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, денеска ќе се одржи интернационалниот настан за љубителите на домашни животни „Петфест 2025“.

Како што стои во соопштението на ПетФест, на настанот ќе учествуваат професионалци од сите градови ширум земјава, како и од соседството, каде ќе бидат прикажани достигнувања во ветеринарната медицина, фармакологијата, европските и светските кинолошки шампиони, како и службените кучиња од единицата на МВР К9. 

– Учествуваат докажани професионалци од сите сфери на милениците од сите градови од Македонија и од соседството. Пет индустријата ќе ги прикаже своите достигнувања во ветеринарната медицина и фармакологија, европски и светски кинолошки шампиони, службени кучиња од единицата на МВР К9, дресура на млади кучиња, хендлинг професори, стилисти за миленици, дегустација на храна и на сокови за кучиња, добитници на награди со мачки, соколари и одгледувачи на големи папагали, автохтони македонски раси македонски паничар, шарпланинец и караман, зоолошка градина на средното ветеринарно училиште, стои во соопштението.