Под истрага новата варијанта корона вирус невидлива за ПЦР тестот


 

Во француска Бретања покрената е истрага откако со геномско секвенционирање откриени се осум носители на новата варијанта на корона вирусот.

Францускиот министер за здравство рече дека не изгледа оти новата варијанта позаразна или дека предизвикува потежок облик на болеста КОвид-19 пишува „Зимо“.

Но на конференција за новинари француските здравствени власти изразија загриженост поради фактот што новиот сој не може да се покаже со стандардните ПЦР тестови. Белгискиот вирусолог и меѓуфередален портпарол за Ковид-19, Стевен Ван Гухт, објасни дека осум пациенти покажале вообичаени симптоми на Ковид-19, но дека ПЦР тестовите упорно покажувале негативни резултати за нив.

Појавата на оваа варијанта доаѓа во момент кога Франција бележи нов пораст на заразени, а нивниот претседател Емануел Макрон предупредува на нови мерки за затворање во наредните неколку денови.

Светската здравствена организација ја категоризира новата варијанта како „варијанта под истрага“, а е како „загрижувачка варијанта“, како што тоа е случај со британскит, јужноафриканскиот и бразилскиот сој.