Пристигнуваат резултатите од изборите во Унгарија, Орбан драматично губи
Според преброени 37 отсто од гласовите на парламентарните избори во Унгарија опозициската партија Тиса на Петер Маѓар е пред голем триумф. Во овој момент Тиса има 132 места во парламентот, 59 ќе бидат за Фидес на премиерот Виктор Орбан, а 8 за националистичката Наша татковина. Тоа е само едно помалку од двотретинско мнозинство од 133 места за промена на уставот.
Петер Маѓар штотуку објави многу кратка, но индикативна порака на својот Фејсбук профил:
„Благодарам Унгаријо!“
Досега нема ништо од Виктор Орбан.