Почна ловот на „касапот од Буча“
Почна ловот по „касапот од Буча“, ветеран неодамна благословен од Руската православна црква, за кој постои основано сомневање дека е одговорен за ужасните и масовни злосторства во предградијата на украинскиот главен град Киев.
Осомничениот за масовните злосторства врз цивилите во Буча е идентификуван од украинските разузнавачки служби во синергија со „Информнапалм“, волонтерска иницијатива која ги следи активностите на руската армија и специјалните служби. Станува збор за потполковник Азатбек Омурбеков, командант на 64-та руска моторизирана бригада, која беше вклучена во окупацијата на Буча, град на околу 40 километри од центарот на Киев.
Руските трупи под негова команда садистички убиваа цивили во нивните домови, а имаше извештаи за брутални силувања на жени и деца. По повлекувањето на руските трупи, откриени се бројни масовни гробници, како и бројни трупови на отворено, меѓу кои имало целосно голи жени, со врзани раце зад грб.