Почина познатиот хрватски бизнисмен Иван Римац, татко на сопственикот на „Римац автомобили“
Иван Римац, познатиот хрватски претприемач и татко на Мате Римац, почина вчера на 64-годишна возраст, пишува „Јутарњи лист“.
„Во име на семејството Римац, можеме да потврдиме дека нашиот сакан сопруг, татко и дедо, Иван Римац, почина вчера во својот дом во Самобор. Семејството моли за приватност во овие тешки времиња“, е пораката на семејството Римац.
Иван Римац беше првиот сериозен инвеститор во раниот развој на компанијата „Римац Автомобили“ на неговиот син Мате Римац. Тој го обезбеди почетниот капитал за првите прототипови и со години беше претседател на Надзорниот одбор на компанијата. Подоцна поднесе оставка од таа позиција.
Неговата деловна кариера беше обележана и со долг судски процес.
Во случајот со компанијата „Славонија ДИ“ од Славонски Брод, која ја презеде во 2002 година, во јуни 2024 година беше осуден на три години затвор за кршење на довербата во деловните трансакции. Казната беше суспендирана од здравствени причини, пишува Јутарњи.хр.