Почина легендарниот југословенски голман Милутин Шошкиќ
Фудбалската легенда на Југославија, голманот Милутин Шошкиќ, почина денеска на 84 години, сооопшти неговиот клуб Партизан од Белград.
Заедно со Владимир Беара, Шошкиќ е голманот кој остави најголемо наследство во СФРЈ, а и во српскиот фудбал, и неговиот извонреден стил на бранење беше водилка за многу голмани. Го наследи Беара на голот на Југославија и за националниот тим играше 50 пати.
Во 1960 година го освои златниот олимписки медал на Олимпијадата во Рим, а на Светското првенство во фудбал во Чиле 1962 беше дел од југословенската репрезентација која го освои четвртото место. Веројатно најголемото признание за него дојде во 1963 година кога играше на Вебли во Лондон на мечот Англија против остатокот од светот и го озбезбеди местото меѓу најдобрите играчи на светот во тоа време.