Почина холандската фудбалска легенда Вим Јансен


Во 76. година од животот почина легендарниот фудбалер на Феенорд и на холандската репрезентација, Вим Јансен.

Јансен, кој играше на средината на теренот, а по потреба извршуваше и дефанзивни задачи, беше член на холандската репрезентација, која на две последователни светски првенства, 1974 и 1978, играше финале, а во националниот дрес одигра вкупно 65 натпревари.

Феенорд официјално соопшти дека починал еден од најдобрите фудбалери во клупската историја. Јенсен со Феенорд триумфираше во Купот на европските шампиони (КЕШ) во сезоната 1969/70, што воедно беше и прва титула за холандски клуб во најсилното клупско натпреварување, кое подоцна прерасна во Лига на шампиони

Јенсен неодамна го објави своето автобиографско дело насловено „Mastermind“ во кое наведе дека има проблеми со деменцијата. ег/сд/