Победил или не, Ѓоковиќ в понеделник ќе падне на 7. место на АТП листата. Во Србија гневни


 

Во финалето на Вимблдон в недела ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ, моментално 3. и Ник Кириос, моментално 40. на АТП ранг листата. Како и да заврши последниот чин на овогодинешниот турнир српскиот тенисер неправедно ќе падне на АТП листата што ќе се објави во понеделник.

Познато е дека оваа година Вимблдон им забрани настап на руските и белоруските тенисери поради руско-украинскиот конфликт. Токму поради ова стигна казна од редовите на АТП, така што овогодинешниот Вимблдон не им смета на тенисерите за нивните пласмани. Турнирот се игра без бодови.

Лани Ѓоковиќ го освои Вимблдон и освои 2.000 поени. Тоа значи дека годинава автоматски ќе ги загуби, бидејќи поради казната на АТП нема да можат да брани ниту еден од тие бодови.

Многу тенисери реагираа дека оваа одлука е неправедна кон оние што играат, други пак тврдеа дека таквото решение било неизбежно. Написите во тамошните медиуми сугерираат дека Ѓоковиќ не виновен ни должен од понеделник ќе падне на седмото место на АТП-листата. Ова е пад од четири места, а него ќе го поминат Рафаел Надал, Стефанос Циципас, Каспер Руд и Карлос Алкараз. Како и да заврши, ќе падне за пет места и Ник Кириос, па од понеделник ќе се најде на 45. место на АТП листата.