По бременоста, овој дел од телото никогаш не се враќа во првобитната состојба
Бременоста се нарекува уште „во друга состојба“ и не е без причина. Жената доживува бројни физички промени за време на бременоста, но и по породувањето. Покрај зголемувањето на телесната тежина, на секоја трудница и се зголемуваат градите, се појавуваат стрии, видот може да и се влоши или подобри, а и косата доживува промена.
Повеќето трудници велат дека нивната коса никогаш не била густа и сјајна како за време на бременоста. По породувањето, повеќето трудници сакаат да ја вратат старата телесна тежина, но има еден дел од телото кој никогаш нема да се врати во првобитната состојба. Станува збор за стапалата кои за време на бременоста може да се зголемат за цел број. Како што покажуваат истражувањата, тоа е трајна промена. Истражувачите ги тестирале промените на стапалата на голем број трудници, за време на нивната бременост, по породувањето, па дури и една година по породувањето.
Лекарите веруваат дека за време на бременоста лакот на стапалото станува порамен, веројатно поради дополнителната тежина и зголеменото количество воздух во зглобовите поврзано со бременоста. Во новото истражување, чии резултати беа објавени во американскиот весник за физичка медицина и рехабилитација, експертите заклучуваат дека растот на стапалата најверојатно е трајна промена.
– Слушнав дека многу жени велат дека нивните стапала се зголемуваат за време на бременоста, но не најдов ништо за ова во стручни списанија и книги – изјави Нил Сегал, професор по ортопедија и рехабилитација на Универзитетот во Ајова.
– Со цел научно да ја проучиме оваа појава, ги измеривме стапалата на жените веднаш на почетокот на бременоста и пет месеци по породувањето. Откривме дека бременоста навистина води до трајни промени на стапалата – стои во неговата објава.
Во студијата учествувале 49 трудници кои правеле статички и динамички мерења, а 60-70% од жените во студијата имале подолги стапала за речиси 1 см, стапалата исто така биле пошироки и имале долен лак. Интересно е што најголемите промени во телото на жената се случуваат во првата бременост, додека во втората, третата и сите наредни бремености нема толку големи промени како растот на стапалата.