По 10 месеци забележан првиот смртен случај до корона вирус во Нов Јужен Велс


 

Во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, по долго вре,е забележан е првиот смртен случај за кој е одговорен корона вирусот, јави Би-би-си.

Властите соопштија дека почина жена во десеттата деценија, а се заразила на семејно дружење. Ни еден смртен случај не е поврзан со корона вирусот во последните 10 месеци.

Во Нов Јужен Велс денеска се забележани 77 нови случаи, а во болница се 52 лица, додека 15 на интензивна нега.

Сиднеј во моментот, е во локдаун, а премиерката на Нов Јужен Велс, Глејдис Берејиклијан, вели дека очекува бројот на нови дневни инфекции и понатаму да се зголемува.

„Ќе бидам шокирана ако има помалку од 100 (во следните денови)“, вели таа.

Сепак, бројките во Австралија се ниски во споредба со други земји. Од почетокот на пандемијата со корона вирус се поврзани 911 смртни случаи, а забележани се нешто повеќе од 31.000 заразени.

Но и вакцинацијата оди слабо, па така помалку од 10 отсто од луѓето во Австралија се вакцинирани, поради малите залихи на вакцини особено „Фајзер“.