Платениците на групата „Вагнер“ за прв пат снимени во Украина

Припадници на озлогласената група биле снименени од провладин руски новинар пред хотел во Донецк, кој порано беше седиште на мисијата на ОБСЕ


Платеници на „Вагнер“ во Донбас

 

Групата „Вагнер“ составени од платеници поддржани од Кремљ за прв пат е снимена во Украина додека постојат стравувања дека околу 1.000 борци се распоредени во војната.

Тајната воена компанија која е поврзана со низа убиства, силувања и воени злосторства ширум светот е позната како приватна армија на Путин, која ја извршува неговата валкана работа како продолжена рака на државата.

Сликите направени вчера покажуваат војник кој носи ознаки на паравоената група која била активна во граѓанските војни во Африка.

Војникот е виден како носи пушка АК-15 што ја користат руските специјални сили пред хотелот „Парк ин“ во сопственост на „Радисон“ во Донецк, кој порано беше седиште на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Провладиниот руски воен известувач Семјон Пегов ја снимил фотографијата на групата за која се знаело дека се наоѓа во Украина, но претходно не била сликана таму по инвазијата.

Филип Инграм, поранешен британски разузнавач, изјави за „Тајмс“: „Воената разузнавачка служба ГРУ го користи ‘Вагнер’ како нивни трупи за валкани операции што може да се негира. Фактот дека тие користат АК-15, новата јуришна пушка на ‘Спетназ’, е јасен показател дека тие се договорени и командувани од руски специјални сили“.

Се вели дека групата „Вагнер“ имала задача да го убие Володимир Зеленски и други високи украински личности, вклучително и браќата Кличко, и го има пријавеното мото: „Смртта е наша работа, а работата е добра“.

Платеничката група, која се смета дека работи на повик и со поддршка на Путин, е меѓу списокот на поединци и организации санкционирани од Британија.

 

Армијата за изнајмување, наводно раководена од олигархот Евгениј Пригожин – близок соработник на рускиот претседател кој често го нарекуваат „готвачот на Путин“ – беше пренесена во Украина пред неколку недели и ѝ беше понудена огромна сума за мисијата.

Британските разузнавачки извори рекоа дека минатата недела била распоредена во Донбас откако руската армија претрпе големи загуби.

Се смета дека во земјата има околу 1.000 платеници и високи команданти.

Претходно беше распореден во Африка, каде што изврши црни операции што Кремљ сака да ги направи а да избегне директна одговорност.