Петровска до Арсовска: Слободно нека ме тужи за бугарскиот пасош


Резултатите од локалните избори покажаа дека голем број од гласачите на СДСМ не излегоа на избори, вели пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска за „Утрински брифинг“.

-Целта на соопштувањето на информацијата дека Арсовска има бугарско државјанство беше да им се каже вистината на граѓаните. Ја добивме таа информација тогаш кога ја добивме, не тактизиравме, туку чекавме да ја потврдиме информацијата – вели Петровска.

Петровска ѝ порача на новата градоначалничка на Скопје дека може правдата да си ја побара на суд.

-Арсовска може да покрене тужба против мене, ако така смета, ние стоиме зад она што го објавивме дека е вистинито – изјави Петровска, која во кампањата помеѓу двата изборни круга од локалните избори, беше носечкото лице на нападите кон Арсовска од страна на СДСМ.

Околу оставката на премиерот Зоран Заев таа рече дека тоа е негова лична одлука но ќе се преиспитува во партијата.

– Ние како партија секако дека ја почитуваме неговата одлука. Но,престои период во којшто таа одлука ќе треба да биде дискутирана во рамките на органите на партијата. Веќе вчера како што можевме да видиме од медиумите започнаа разговорите со коалициските партнери и главната порака што ја испратија  е дека постои стабилно владејачко мнозинство. Ова не го кажувам само за да ја демотивирам опозицијата затоа што најавуваат обиди за преговори за ново мнозинство, туку затоа што сакаме да упатиме порака кон граѓаните дека имаме стабилно мнозинство и дека ниту со еден чекор не сакаме да предизвикаме било какви политички турбуленции или политичка и економска криза.оалициските партнери застанаа зад оваа актуелна Влада, рекоа дека таква Влада и е потребна на нашата држава, за што апсолутно се сложуваме. Државата особено сега мора да продолжи по патот што го зацрта пред неколку години и постигнатите успеси што ги имавме, за кој голем дел од заслугите се на претседателот Зоран Заев, односно на неговата упорност и истрајност, како и визија да го постигнеме тоа што го постигнавме, рече  Петровска.