Петер Маѓар го отвора патот за испорачување на Груевски

Новиот унгарски лидер изјави дека неговата земја не може да биде прибежиште за „осудени криминалци“, како што го нарече Никола Груевски


Каква ќе биде судбината на Никола Груевски во Унгарија

 

Многу луѓе се плашат што ќе биде со нив по триумфалната победа на Петер Маѓар и неговата партија Тиса на изборите во Унгарија. И од 16-годишниот режим на Виктор Орбан, а и кај оние кои добиле политичко прибежите таму. Двајца од нив се поранешни полски министри од владата на националистичката партија Право и правда, а третиот е поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември 2018 и таму доби политички азил.

Маѓар на денешната тричасовна конференција ги спомена поранашениот полски министер за правда, Збигњев Зиобро, неговиот заменик Марчин Романовски, и Никола Груевски. Зиобро и Романовски се обвините во Полска за змилионска злоупотреба на својата функција.

Зборувајќи за Зиобро и Романовски Маѓар направи директна паралела со случајот со Груевски.

„Мислам дека зборував многу јасно за ова претходно, дека предложив да не купуваат никаков мебел во Унгарија од ‘Икеа’, бидејќи нема да останат долго. Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, кој исто така е осуденик. Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, е меѓународен криминалец и не треба да биде во Унгарија. Но и тоа не е затоа што ова е праведно исто така очекуваме од другите европски земји, ако унгарски политички криминалци бегаат во други земји, да ги екстрадираат назад кај нас, во духот на европската соработка, овие потенцијални криминалци. И можам само да им предложам на г-дин Зиобро и г-дин Романовски дека ако немаат што да кријат, тогаш треба да се вратат дома и да застанат пред народот — па тој беше министер за правда, значи мора да го познава полскиот правосуден систем — па треба да си го исчисти името од обвинувањата. И тоа не е моја работа. Значи, ќе најдеме начин, освен ако веќе не заминале, но ако не заминале, ќе ги екстрадираме во Полска“, изјави Маѓар.

Полската влада на премиерот Доналд Туск бара испорачување на Зиобро и Романовски од Будимпешта за да им се суди за криминалите за кои се обвинети. Македонските власти порано побараа екстрадиција на Груевски, но не е познато дали тоа го направила и сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

По оваа изјава на Маѓар се јави со реакција СДСМ во која ја поздравија неговата порака.

„Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште за луѓето кои бегаат од правдата. 

Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испорача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец.

Ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта беше безбедно засолниште за осудени корумпирани функционери. Правдата не познава рок на траење. Судските пресуди мора да се извршат.

Организирана криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски со години го бранеа и штитеа својот шеф Груевски. Сега дојде моментот правдата конечно да биде задоволена и Груевски да ја отслужи изречената казна во Македонија. Граѓаните долго го чекаа овој момент“, рекоа од СДСМ.