Петер Маѓар: „Династијата“ на Орбан го сели богатството
Петер Маѓар, лидерот на ТИСА и главен ривал на унгарскиот претседател Виктор Орбан на престојните избори на 12 април, објави денес дека „династијата“ (кругот на луѓе што се богатат од владеењето на ФИДЕС) ги префрла парите во странство, но кога ќе дојде на власт ќе ја преиспита секоја финансиска трансакција во државата.
„Мафијата на Орбан гледа дека е крај. „Династијата“ почна да го преместува своето украдено богатство во странство. Долгогодишниот сојузник и пријател на Орбан, Ѓерѓ Матолчи, поранешниот гувернер на националната банка, сега тивко ги ликвидира своите домашни средства. Олигархот на Орбан, Лоринц Месарош, го обезбедува своето богатство. Зетот на Орбан, Иштван Тиборч, ги преместува своите средства во странство. Оние на самиот врв веќе знаат дека нивната моќ и нивното неконтролирано грабење завршуваат. Тие знаат дека времето отчукува. Затоа започна борбата за напуштање на бродот што тоне.
Владата на TИСА ќе го разоткрие секој случај. Ќе го разгледа секој договор. Ќе ја следиме секоја финансиска трансакција. Ќе знаеме точно од каде дошле парите, низ кого поминале и каде завршиле.Повеќе нема да биде можно да се исчезне јавниот капитал без последици, ниту да се премести во странство она што му припаѓа на унгарскиот народ. До Орбан и неговиот круг, денес, во наредните 16 дена, а особено на 12 април, ја испраќаме оваа порака: оваа ера е завршена“, порача Маѓар.