Пендаровски: Небулоза е дека сум против „Отворен Балкан“

Премиерот Зоран Заев е зафатен со примопредавањето на кормилото во партијата и владата и претпоставувам дека не ги следи целокупните политички изјави до крај и дека нема време. Последниот пасус во неговата изјава не е типичен и сметам дека некој од неговите пи-ар стратези и советници му сугерирале таква небулоза во соопштението дека претседателот работи против интересите на граѓаните, вели претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на емисијата „Топ тема“, како реакција на денешната изјава на Заев во однос на ставовите за иницијативата „Отворен Балкан“.
Пендаровски информира дека уште во 2019 година на лидерската средба му кажал на Заев дека „ако иницијативата е замислена како компензација на полноправно членство во ЕУ, никој нема да биде за неа“.