Пендаровски и сопругата во Вестминстер ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета Втора


 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави дека тој и сопругата Елизабета ѝ оддале почит на починатата британска кралица Елизабета Втора. Ковчегот на кралицата Елизабета Втора е поставен во Вестминстерската сала покрај кого со денови поминуваат милиони луѓе.

„Со Бети оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“, напиша Пендаровски на Фејсбук и сподели видео.

Погребот на кралицата која почина на 96 години ќе биде утре во замокот Виндзор покрај последното почивалиште на нејзиниот сопруг Филип, кој почина во 2021 година.