Пародонтозата го зголемува ризикот од тежок облик на Ковид-19


Проблемите со забите можат да предизвикаат последици и го зголемуваат ризикот од срцев удар или болести на белите дробови. Нова студија покажува дека проблемите со забите можат да бидат ризик-фактор и за Ковид-19

Германското друштво за пародонтологија, повикувајќи се на нова студија, предупредува дека пародонтитисот, слично како и некои други болести, треба да се смета за фактор на ризик за тежок облик на Ковид-19.
Пародонтитисот, познат и како пародонтоза, е бактериско воспаление на непцата. Наследен фактор, пушење, лоша орална хигиена или погрешен начин на миење на забите, можат да предизвикаат создавање на наслаги од бактерии кои го напаѓаат забното месо. Тоа воспаление често останува неоткриено, бидејќи не предизвикува болка. Се забележува најчесто дури откако забите ќе прокрварат.
Научниците, користејќи електронски медицински досиеја, го испитувале текот на болеста кај 568 заболени од Ковид-19 во болниците во Катар во периодот меѓу февруари и јули 2020 година.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука