Париз ја ограничи брзината на 30 км/час


На Шанзелизе остана сегашното ограничување од 50 км/час

Ограничување на брзината од 30 километри на час стапи на сила низ цел Париз, со цел да се подобри животната средина.

Целта е да се намалат несреќите и да се намали бучавата и загадувањето.

Анкетата на весникот „Паризиен“ покажа дека 61% од парижаните се за оваа мерка, но некои бизниси се меѓу оние што се против.

Две третини од градот веќе беа предмет на ограничување пред промената во понеделникот, што ја турка градоначалничката Ана Идалго. Сепак, неколку клучни правци ќе останат ослободени.

Тука спаѓаат Елисејските полиња (50 км/ч) и главната обиколница, Булевар Периферик (70 км/ч).

Слични ограничувања се веќе во сила Гренобл и Лил, како и Билбао во Шпанија и главниот град на Белгија, Брисел.

Мерката се воведува сега за да можат парижаните да се навикнат на неа во период на полесен сообраќај додека се летни одмори летните одмори, велат градските власти.

Тоа е една од неколкуте политики предложени од Идалго, која беше реизбрана минатата година, да ги одвикне парижаните од своите автомобили.

Бројот на улици за паркирање на улица се преполови и се очекува идните години на повеќето возила да им биде забранет влез во центарот на градот.

Идалго продолжува и со плановите за отстранување на 60.000 од околу 140.000 паркинг места на улиците во Париз.

Велосипедските патеки се зголемија, а улиците се редизајнираат за областите да бидат попријатни за пешаците.

Идалго, социјалистка, сака позелен град додека Париз се подготвува да биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година.

Меѓу противниците е Пјер Шасереј, од кампањата на групата „40 милиони возачи“, кој ја оспорува идејата дека загадувањето и бучавата се намалуваат со таквите мерки.

„Нема намалување на звукот, нема намалување на загадувањето и нема намалување на несреќите, освен на нивото како што е и во другите општини“, рече тој за новинската агенција АФП. Кампањата за подигнување на свесноста за брзината би била поефикасна, рече тој.

Друга кампањска група, SaccageParis ги обвинува властите дека дозволиле Париз да пропаѓа со неуредни улици, а велосипедските патеки биле грди.

И таксистите се противат на ограничувањето на брзината. Со нивниот сегашен тарифен на клиентите им се наплатува по минута, а не по должина на патувањето, па тие тврдат дека цените автоматски ќе се зголемат за најмалку 15 проценти.