Палатата Кенсингтон се корегираше за „ефектот Кејт“


Лондон – Неодамнешната објава на палатата Кенсингтон за отсуството на модни информации од настаните во кои се појавува Кетрин, принцезата од Велс – се чини дека беше „модно пукање во нога“. Речиси и да нема претставник на модниот бизнис во Обединетото Кралство кој не изрази незадоволство. Сите се побунија, особено британските дизајнери, за кои „ефектот Кејт“ – ситуацијата кога облеката во која таа се појави се распродава – е таков ветер во грб што може да се посака.

Палатата Кенсингтон сега тврди дека нема промени во пристапот на Кејт Мидлтон кон модната политика, откако наводната одлука предизвика цунами од бурни реакции. Палатата ќе продолжи да споделува детали за модните комбинации на принцезата од Велс, за дизајнерите да бидат спокојни, а за ситуацијата се изјасни и портпаролот на палатата Кенсингтон.

„Во текот на изминатата недела добив бројни прашања на оваа тема. За да појаснам, коментарите што се појавија беа мои, а не на принцезата и затоа не треба да и се припишуваат директно на неа. И за да се расчисти каква било конфузија, нема промена во нашиот пристап за споделување информации за модните избори на Нејзиното кралско височество“, заклучил тој за People.

Официјалното соопштение на Палатата доаѓа само една недела откако беше објавено дека Кејт се надева дека по нејзината тешка дијагноза и битка за здравје, поголем акцент ќе биде ставен на нејзината здравје, а помалку на тоа што го носи.

“Нејзината работа не е облеката, таа разбира дека луѓето се заинтересирани за тоа и таа го почитува тоа. Но, дали треба секогаш официјално да зборуваме за тоа? Не. Стилот е таму, но има поважни работи”, рекол извор од Палатата за The Sunday Times, по што започна вистинска драма во модната индустрија во Велика Британија.

„Тука мора да има златна средина “, изјави британската телевизиска водителка и фотографка Хелена Чард за Fox News по објавувањето на непопуларните промени.

„Нејзината работа е одлична, но и на светот му е потребна редовна доза на гламур… „Ефектот Кејт“ е исто така важен дел од нејзината работа… Голема штета е што принцезата од Велс верува дека интересот на јавноста во контекстот на „стилот наспроти супстанцијата“, рече таа, за среќа, сè е вратено во нормала.