Ова е најдобриот природен детергент на светот, а чини нула денари! (ВИДЕО)
Додека шетате по улица, никогаш не би помислиле дека обичниот костен може да биде моќна алтернатива за детергентот купен во продавница.
Имено, за сами да го направите најприродниот детергент на светот, потребно ви е само еден костен, една тегла и малку вода.
Постапката е едноставна: исечете еден костен на четири или пет парчиња, кои ќе ги ставите во тегла и потоа оставете го да отстои преку ноќ. Наутро, вашиот детергент без екологија е подготвен за употреба. Добро протресете ја теглата, процедете ја (за да спречите расипување на машината за перење од остатоците од костен) и истурете ја во машината за перење преку облеката. Се што треба да направите е да ја вклучите машината!
Можете исто така да додадете неколку капки есенцијално масло во течноста за вашите алишта да мирисаат убаво.
Во текот на ноќта, костените ослободуваат сапонин, органска хемикалија која често се наоѓа во сапуните и детергентите за перење.
Некои откако го виделе ова видео искоментирале дека овој трик го користат веќе една година и дека е одличен за луѓе со проблеми со кожата, особено егзема. Од друга страна, друг предупреди дека треба да се внимава со етерични масла кои ги загадуваат реките.
Затоа, следниот пат кога ќе одите на прошетка, земете неколку костени кои ќе ви заштедат пари и ќе ја направат планетата почиста и поубава!