Отворање на градинките на 9 септември, одлучи Владата

 Владата денеска на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија Ковид-19, кое е планирано од 9 септември 2020 година.
-Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа. Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца, како и да обезбедат  потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со Ковид-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, соопшти владината прес-служба.