Откупот на винско грозје во фокусот на средбата меѓу Трипуновски и потсекторската група за лозарство и вино


Претстојната берба на винско грозје, приносите и квалитетот, биле темите за кои денеска разговарале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претставници од потсекторската група за лозарство и вино.

На состанокот, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трипуновски вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и оти ресорното министерство ќе биде коректив.

– Во текот на денот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, вранец и смедеревката, стои во соопштението.