Откриена е „тајната“ напивка на Алкараз што ја користи за закрепнување, а му помогнала против Зверев


Барбара Шет, поранешна тенисерка и експерт за Евроспорт, откри како Карлос Алкараз ги обновува мускулите користејќи „таен пијалок“ што им помага на многу тенисери, а тоа е сок од кисели краставички.

Светскиот број 1, Карлос Алкараз, направи вистинско чудо во полуфиналето на Австралија Опен, победувајќи го Александар Зверев по повредата што го мачеше поголемиот дел од натпреварот.

Алкараз водеше со 2:0 во сетови, но во третиот сет се повреди и имаше сериозни проблеми со движењето. Во еден момент речиси не можеше да се движи, но сепак успеа да се држи и да направи неверојатен пресврт, дури и кога Зверев имаше 5:3 во петтиот сет и сервираше за победа.

Сега го чека победникот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Јаник Синер, а тој ќе има два дена да се подготви за големото финале и да нападне на својот прв Австралија Опен во кариерата.

Барбара Шет, поранешна тенисерка и експерт за Евроспорт, изјави дека Алкараз ги обновува мускулите користејќи „таен пијалок“ кој им помага на многу тенисери, а тоа е сок од кисели краставички.

„Тој пиеше сок од кисели краставички, тоа им помага на мускулите да се опорават и физички успеа да се врати во натпреварот“, рече Шет.

Самиот Алкараз по натпреварот истакна дека ќе се потруди да се опорави за финалето и дека очекува тежок, но возбудлив дуел, без оглед на противникот.

„Ќе биде многу тешко, натпреварот траеше пет часа, па ќе тренираме малку помалку интензивно од претходните денови. Пресвртот во овој натпревар е неверојатен, некако успеав да се вратам и поради тоа сум пресреќен. Секако дека размислувам за натпреварот во недела – против кого и да играм, тоа ќе биде голем судир. Ќе ја искористам секоја секунда за подготовка и можам да ветам дека ќе се потрудам да победам“, рече Алкараз.