„Освој го врвот на Џевахир кулите“ – прва трка по скали во Македонија
„Џевахир тауер ран“ (Cevahir Tower Run) под мотото „Освој го врвот на Џевахир кулите“ трка по скали по пример на светските метрополи, за прв пат годинава ќе се одржи и во Македонија. Трката е во организација на АК Работнички, а ќе се одржи на 24 септември во висококатниците Скај Сити.
„Трките од овој карактер се одржуваат во највисоките згради низ целиот свет и во соработка со Џевахир Скај Сити за прв пат оваа години ќе организираме трка токму во една од четирите највисоки кули во Македонија. Cevahir Tower Run стремиме да прерасне во традиционална трка, привлекувајќи го вниманието и овозможувајќи учество на дел од најдобрите натпреварувачи од светот овде во Скопје, како полноправна членка на светската асоцијација за Tower Running”, велат од АК Работнички.
Организаторите на трката по скали ги повикуваат сите заинтересирани натпреварувачи и спортски активни лица да се пријават и учествуваат (https://cevahirtowerrun.com/ ) во Cevahir Tower Run трката по скали, како единствена од ваков вид во Македонија.
Учесниците на трката ќе имаат предизвик да се искачат до врвот на Кулата Ц искачувајќи 41 кат со вкупно 752 чекори и со тоа следејќи ги едни од најдобрите светски познати трки Empire State Building Run-up, Tower 42 London, како и Walkie Talkie London.