Освоил милион евра на лотарија, па пронајден мртов


Шпанецот Емилио Лускињос Мартинез, кој на лотарија освои 1,2 милиони евра, е пронајден мртов во својата куќа во градот А Коруња, соопшти денеска локалната полиција.

68-годишниот Мартинез пред три месеци освоил 1,2 милиони евра во шпанскиот Бонолото, а неговите пријатели повикале полиција кога неколку дена не можеле да стапат во контакт со него.

Противпожарните екипи и полицијата го пронашле во неговата куќа во Коруња и лекарскиот тим констатирал смрт на лице место, пренесува порталот 20minutos.

Сè уште не е позната точната причина за смртта, но во моментов се верува дека Мартинез починал од природна смрт.

Според порталот, Мартинез немал семејство, а откако добил на лотарија ги поканил пријателите на вечера, а потоа купил билети за натпревар на фудбалскиот клуб Депортиво во Тенерифе во декември.

Неделава купи и билети за натпреварот на ФК Малага.