Орбан ѝ заби нож во грб на Марин Лепен

Премиерот на Унгарија во Будимпешта ќе се сретне со контроверзната француска телевизиска звезда и десничарски популист, Ерик Земур
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го отвора црвениот тепих за францускиот популист, кој се надева дека ќе биде следниот претседател на Франција. Само што тоа не е Марин Лепен.
Унгарскиот премиер денес (петок) ќе се сретне со телевизискиот водител Ерик Земур, чии претседателски амбиции веќе ја нарушуваат трката следната година.
Владата на Орбан е домаќин на дводневен самит во Будимпешта со про-семејна и антиимигрантска агенда. Голем број конзервативни личности – од поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс до словенечкиот премиер Јанез Јанша – беа во Унгарија на четвртото издание на настанот, а Орбан, исто така, ќе го пречека Земур во премиерската канцеларија во петокот наутро.
Средбата е лоша вест за Ле Пен, која се бори за добар почеток на кампањата за освојување на Елисејската палата.
„Навистина е загрижувачки“, рече инсајдер од партијата на Лепен. „Тоа е знак дека тој [Орбан] го поддржува Земур и тоа е лоша вест за неа“.
Лепен „се обиде да создаде десничарска конфедерација во Европа, но тоа никогаш не се оствари“, рече инсајдерот, кој не сакаше да биде именуван од страв од одмазда од партијата. Лепен во неколку наврати се обидуваше да се сретне со Орбан, а нејзините обиди да создаде полноправна парламентарна група на ЕУ, вклучително и Фидес на Орбан и полската партија Право и правда, досега не успеаја.
Земур сѐ уште официјално не е кандидат за претседател, но неговиот смел антиимиграциски, про-француски идентитетски став привлекува поддршка од многумина кои веруваат дека партијата Национален собир на Лепен стана премногу мејнстрим.
Гласините за кандидатурата на Земур се зголемија оваа недела, бидејќи анкетите покажуваат дека тој расте, исто како што Ле Пен се соочува со удар. Фотографиите во весникот „Пари мач“, на кои се гледа како ветеранот – и оженет – Земур е во прегратките на неговата 26-годишна политички советничка, само ги зголемија шпекулациите.
Анкетата објавена од Харис во понеделникот сугерираше дека Земур ќе добие 11 проценти од гласовите на претседателските избори, наспроти 18 проценти за Лепен. Се предвидува дека Лепен и Макрон да се соочат во вториот круг од изборите следниот април, а анкетите во моментов сугерираат дека таа ќе загуби од Макрон во вториот круг. (Политико)